Експертизата за несреќата на бродот „Илинден“

Рамномерното учество на човековата субјективност, како и техничкиот фактор, причина за несреќата на бродот „Илинден“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sotir Filevski
Сотир Филевски

Која е причината за најголемата бродска несреќа во Македонија? Дали станува збор за човечки или за технички фактор? Дали на одговорност за оваа несреќа се повикани сите релевантни инстиуции и дали товарот на вината може да се препише само на едно лице?  Денес, пред основниот суд во Охрид, се направи обид да се одговори само на дел од овие прашања, додека за останатите, ќе треба да почекаме.

Sotir FilevskiДенес во Основниот суд во Охрид, продолжи доказната постапка, за случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, со распит на сведокот Љупчо Поп – Стефанија, како и професорите од Машинскиот факултет од Скопје Игор Ѓурков и Валентин Стојкоски.

Сведокот Поп-Стефанија, пред судот сведочеше дека Филевски не направил никакви преправки на бродот „Илинден“,  од купувањето, до моментот на несреќата. Во продолежние на денешното рочиште, беше прочитана и експертизата од вештачењето, а беа доставени видео записи и извештаи од извршен инспекцискиот преглед на бродот. Професор Д-р.Игор Ѓурков истакна дека позицијата на рачките од системот за управување, не можела да има пресудно влијание врз настанот. Тој додаде дека ваквата состојба ниту ја олеснува, ниту отежнува состојбата на ракувачот. Не можеме да кажеме што конкретно се случувало во моментот на несреќата, како реагирал првообвинетиот во ситуацијата и дали со својата реакција ја отежнал состојбата.

Ѓурков додаде дека според техничката документација која им била доставена, бродот можел да превезува вкупно 43 патници и тоа само во двата салони под палубата, односно, 18 во предниот и 25 во задниот дел.  Според состојбата со која се сретнале на лице место, во предниот дел можело да се пренесуваат само 10 патници. Инаку, според документацијата, реконструкцијата на бродот од воен патролен, во патнички, „Трудбеник“ ја извршил во 86 година кога бил променет и моторот на пловилото со нов засилен. За  тоа колку „Трудбеник“ смеел, можел да направи реконструкција на пловилото,  треба да се провери законската регулатива од тоа време, истакна Ѓурков.

posveta na opacinataНа крај од Експертизата за пловидбената несреќа на бродот „Илинден“ стои дека предизвиканиот настан е последица од интерактивната спрега во која рамномерно учествувале човековата субејктивност и техничкиот фактор, поврзани преку рефлексот, инстинктот и нагонот на човекот од една страна и природата и физичките закони во техниката на пловните објекти, од друга страна. Создадените предуслови за текот на пловидбата не се предмет на ова вештачење.

На денешното рочиште беше приложена и икона со ликот на Исус Христос, која во знак на благодарност, една година откако и го спасил животот, бугарската државјанка, Марија Палова му ја испратила на капетанот Сотир Филевски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top