Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да може и тој како сите да почне нормално да живее и да твори. Митрев не бара многу.
„Сакам парче земја да ми даде градоначалникот, за да можам да направам две сопчиња за мене и моите деца. Ќе собирам штици и клин по клин ќе си направам мало куќарче“, вели Митрев. Нивната мака ја разбира Спироски Стојан. Тој им понудил една соба од неговата трошна куќарка во близина на ЕМУЦ, колку за да не се под ведро небо и на улица. Спироски како голем верник кој има изградено и манастир во с. Брежани, посветен на Св. Петар и Павле, комплетно е соживеан со нивната бедотија. Спироски вети, доколку општината се смилости и му даде на Аце парче земја, тој ќе му помогне дополнително со финансиски средства.
Босилка Митрева, сопругата на Аце, крева рамена, немоќна да се справи со средствата што во моментов и се на располагање.
Не може да се замиже пред една ваква сурова реалност со која се соочува ова семејство. Помошта која им стига од хуманите луѓе привремено им ја ублажува нивната незавидна состојба. За Митреви, преку нашиот медиум запознати се сите релевантни фактори во општината. Јавноста сама нека процени каде затајува институционалниот систем во вака екстремни состојби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град