Mixed Martial Arts е посебна боречка вештина која пред Охриѓани ќе ја презентира Малечкиот Кро коп како што го нарекуваат хрватот Зелг Галешиќ. Тој во соработка со охридскиот фајт клуб МАСТЕР почнувајќи од 15ти па се до 17ти Април организира тренинг камп за сите ентузијасти и заинтересирани за овој популарен спорт. Галешиќ потенцира дека Македонија е земја во која има многу талент за овој спорт и тој само ќе се обиде во овие три дена што повеќе да го доближи до заинтересираните.
„ Добро, ова што го гледате тоа е ММА тренинг, или мешани боречки вештини, еден од најголемите и еден од спортовите кои најбрзо се развиваат во светот, сега прераснува во вистински шоубизнис како во Америка и во Азија така и овде кај нас и со помош на мојот пријател Сашо Поповски мој долгогодишен тренинг партнер дојдовме на идеја овој спорт да го воведеме и во Македонија. Овој спорт е мултипопуларен, спонзориран од најголеми компании, во него се вклучени милијарди долари.“вели Зелг Галешиќ-тренер на мешани боречки вештини
Галешиќ својата кариера ја започнал во водите на тек вон до-то, но набргу се префрла на мешаните боречки вештини и својот прв настап го има на 12 Септември 2004 година по што многу бргу се афирмира како наследник на неговиот сонародник Мирко Кро коп Филиповиќ и често го нарекуваат Малечкиот Кро коп.
„Еволуцијата на спортот ме натера да се префрлам од тек вон до на мешаните боречки вештини, желбата за самодокажување, желбата за унапредување. Со тек вон дото почнав да се занимавам како млад дечко, како Саше, уште на 9 години, бев светски аматерски првак на светот и 3 пати европски. Едноставно тоа не е спорт со кој може да обезбедите егзистенција ни за вас, ни за вашето семејство, а мешаните боречки вештини се нешто сосема друго.“-додаде Галешиќ.
Тој надополна дека уште една причина што се префрла од тек вон до-то на мешаните боречки вештини е тоа што сакал да учествува во што е можно пореални борби, а мешаните боречки вештини се борби во кои е се дозволено. Галешиќ младите ентузијасти ги подржа со неговото мото : Колку повеќе пот, толку помалку крв. Колку повеќе си на тренинг толку повеќе се потиш, но помалку ќе крвариш. Галешиќ вели : Ова е единствениот совет кој би можел да им го дадам на сите кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Негова македонска подршка е охридскиот фајт клуб МАСТЕР на чело со тренерот Сашо Поповски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град