Големиот Велигденски турнир во мал фудбал се наоѓа во својата завршна фаза. Вчеравечер започнаа осминафиналните пресметки помеѓу преостанатите екипи. Во оваа фаза се најде и екипата на Ремис која е дел и од организацијата на самиот турнир. Тие се задоволни од досегашниот тек на натпреварите.
Велигденскиот турнир во мал фудбал кој се игра во салата „Билјанини извори“ се ближи кон својата завршница. Овој турнир е еден од најголемите турнири во земјава. Почнувајќи од 5ти Април на овој турнир се натпреваруваа 24 екипи за во овие моменти да останат најдобрите 16. Меѓу последните 16 екипи се најде и екипата на Ремис кои се и дел од организацијата на турнирот.
„Како Фудбалски клуб Ремис првпат учествуваме на овој турнир кој е веќе традиционален, значи секоја година се организира. Претходно игравме истата екипа под друго име, Бекче. Задоволни сме од турнирот, досега се тече по планот, па се надеваме дека така ќе продолжиме до самото финале. Организацијата е на завидно ниво. Од година во година се подобро и подобро… додаде капитенот на Ремис-Димоски
Турнирот досега минува во прекрасна атмосфера и преку фудбалската игра всушност се пренесува и вистинската порака на овој турнир, но и фудбалската игра воопшто.
„Малку е тешко да се организирааш во овие тешки услови, сите со работа, но наоѓаме време да се дружиме малку, но пред се да спортуваме. Се надеваме дека се ќе заврши како треба. Значи најпрво да се дружиме, да нема повреди, да нема замерки меѓу играчите. Ние сме заедно скоро на секој турнир играме, па мислам дека се ќе заврши во најдобар ред.“-вели капитенот Димоски
Имено вчера се одиграа и првите осминафинални натпревари кои завршија со следните резултати. Екипата на Ремис ја совлада екипата на Фаворит со 4 спрема 1, екипата на Жито леб ја совлада екипата на Спарадајз Маеми со 2 спрема 1, додека Бекче славеше со 3 спрема 2 против екипата на Ротари клуб. Останатите осминафинални средби ќе се одиграат вечерва со почеток од 21 и 22 часот и во недела од 20 до 22 часот. Четвртфиналните и полуфиналните дуели ќе се одиграат на 18ти и 20ти Април, додека финалето е закажано за 21ви Април. Засега се познати тројца патници во четвртфиналето, а тоа се екипата на Жито леб, и екипите на Ремис и Бекче кои ќе вкрстат меѓусебе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град