Еколошката свест во Македонија е на нула разочарано вели нашиот сограѓанин, познатиот угостител Љупчо Патчев. Тој е голем почитувач на екологијата и вљубеник во природата. По 30 години поминати во елитната туристичка населба Лагадин тој решава да го напушта местото на живеење бидејќи увидел дека се губи мирот и автентичноста на населбата. Патчев, изградил нов дом во потрага по спокој и природните убавина во блиската населба Лескоец. Но, и од таму е разочаран вели нити малку не е пријатно пред вратат на својот дом секојдневно да гледате купчиња од шут, а надлежните институции не мрднуваат со прст. „По 2-3 години прекрасната ливада пред мојот дом започна да се претвара во депонија со шут. Доаѓаат камиони и растовараат грдежен шут без при тоа да се израмни“.
Ние, Македонците како да сме луѓе родени да расипуваме се што е убаво. Ако некој направи нешто ново и убаво како да уживаме тоа да му го уништиме. Закони имаме, грев е да негираме дека земјата ги има, ама нема кој да ги спроведува вели Патчев. Неодмана се обратив во полиција која се огради дека не може ништо да преземе затоа што сопственикот фрлал шут во свој имот. Јас само барав да ми направат записник за да се обратам до инспекциските служби нагласува тој. Се обратив до општинскиот инспекторат тоа резултираше со подигање на ступчиња од страна на сопственикот за да го заштити поседот, но сега шутот се фрла веднаш до оградениот простор.
Патчев со доза на огорченост во својот тон вели посадив украсни растенија покрај патот за малку да го ублажам непријатниот видик од депонијата што се подигна пред мојот дом. Тој во душата е голем почитувач на животнат средина и се труди да биде вниметелен кон екологијата, но заштита од државниот службник за екологија и од еколошките друштва нема.
Доказ дека навистина ја почитува природата и се грижи за животната средина е неговиот двор. Иако е рана пролет градината е прекрасно уредена со разновидни цвеќиња кои ги одгледува во неколку стаклени градини. Има уредено мал шпалир на лозов насад и овоштарник. Патчев со голема љубов се грижи за патки, кокошки, гулаби , но и за двојка прекрасни пауни. 20 мачки и кучето Бела се под негова заштита. Од сетоа тоа се гледа дека станува збор за човек што ја сака природата и сака да ужива во нејзиниот раскош.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град