Периодот на подоготвки заврши

Пред струшките едриличари доаѓа времето на натпреварите.

 |  Крсте Голабоски  | 
edrilici
едрилици

edriliciПрва станица Бургас, соседна Бугарија. За најдобриот македонски едриличар, Ердал Љушо оваа регата ќе биде увертира пред учеството на Европското првенство ова лето во Холандија.

Струшките едриличари подговтвени за претстојните натпревар. После периодот на неколкумесечни интензивни подоготовки, започнаа со тренинзите во вода. Пред нив  учество на многу регати, едно Балканско и едно Европско првенство. Ердал Љушо, од Е.К „Снегар“, подготвен за првата овогодишна меѓународна регата, на која е најавено учеството на претставници од речиси сите држави од Балканот. Иако не е една од неговите омилени, сепак тој со нетрпение го очекува учеството на оваа регата.

Erdal ljushoВистинскиот предизвик е учеството на петнаесет меѓународни регати годинава, вели Љушо. Приоритет ќе се стави на учеството на три облигаторни регати во класата „Ласер 4,7“ што на македонските едриличари пак, ќе им овозможи да се најдат на мапата на Евро купот, преку кој пак може да се добијат поени за  пласман во светскиот ранг во оваа класа. Поради финансиските проблеми, учеството на една од овие регати веќе изостнало. Љушо сепак, вели дека најмногу се радува на учеството на Европското првенство во Холандија.

Финансиските потешкотии и понатаму се најголемиот проблем, а родителите и неколкумината ентузијасти  и спонзори, единствените кои му помагаат на овој спорт.  Инаку, клубот „Снегар“ располага со едрилици од класите `Optimist`, `Laser-(Standard/ Radial/4.7)`, `Finn` `420`, `470`и `windsurf`. Одредени челенови од клубот формираа моделарскиот тим кои всушност преставуваат и првите бродоградители во Македонија од античко време.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top