„За ВМРО-ДПМНЕ и потпорните ѕидови се капитални инвестиции“

Реакција на Локалната на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 
opshtina
општина

opshtinaВо дописот до нашата нашата телевизиска куќа од Локалната самоуправа стои:

Поради немањето аргументи за продолжување со нападите врз градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа, ОК на ВМРО- ДПМНЕ , на денешната прес конференција и изградбата на потпорен ѕид во селото Коњско ја прогласи за капитална инвестиција на Владата на Никола Груевски. Згора на тоа, најверојатно од незнаење, селата Волино, Лактиње, Врбјани, Ботун и Годивје наместо во општина Дебрца ги смести во општина Охрид.

Немојте да ги потценувате граѓаните на Охрид. Исто како што знаете вие, знаат и тие, дека сите пари за капитални инвестиции се слеваат во Буџетот на Република Македонија .За нивното трошење единствено одлучува владата на Никола Груевски,  се разбира со консултација со фамилијата. Постојано го обвинувате градоначалникот Александар Петрески дека во Охрид нема капитални инвестиции. Капитални инвестиции  од страна на Владата во Охрид нема, но затоа ги има во Прилеп каде Груевски вложи 10 милиони евра државни пари.

Зарем не е срамота ОК на ВМРО- ДПМНЕ да ја лаже јавноста дека во Охрид вложил пари за капитални инвестиции , а реално се работи за десетина километри асфалтирани улици во кои се вбројува и Булеварот Железничка и потпорниот ѕид во селото Коњско. Во името на вистината, јавноста треба да знае  дека локалната самоуправа вложи повеќе средства за Железничка, а не беше поканета на свеченото отворање.

Локалните патишта во селата Орман и Велгошти не се реконструирани со средства од Владата на Груевски, како што велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, туку со кредит од Светска банка, пари кои ќе ги враќаат граѓаните. Така виканите капитални инвестиции на Владата на ВМРО- ДПМНЕ се неспоредливи со она што сама го направи локалната самоуправа од Охрид.

Тие се фалат со 10 километри асфалтирани патишта, а Општина Охрид има асфалтирано 80 километри улици и патишта, изградени се 40.000 метри квадратни тротоари, 35 километри фекална и 10 километри атмосферска канализација и уште многу  комунални зафати. Без денар државни пари, инсталирано е парно греење во основните училишта во населбата Радојца Новичиќ,  Лескоец и Пештани, сменета е кровната конструкција на ОУ „Св.Климент Охридски“, гимназијата доби нов лик, ОУ „Григор Прличев“ доби спортска сала и многу други капитални инвестиции кои наместо владата на Груевски ги реализираше локалната самоуправа.

Господо од ОК на ВМРО- ДПМНЕ сменете ги очилата и конечно во лице погледнете ги граѓаните. Впрочем и не морате зошто граѓаните знаат кој и кого го лаже во очи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top