Македонија и Албанија ќе се поврзат со далековод

А.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан.

 |  Татјана Маленкова  | 
dalekovod
далековод

sorabotkaА.Д. МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор OST денес склучија Меморандум за разбирање, со што ги започнуваат подготвителните работи за изградба на нов 400 kV далновод меѓу Република Македонија и Република Албанија на коридорот Битола-Елбасан.

Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа Дејан Бошковски, генералниот директор на АД МЕПСО и Сокол Рамадани, генералниот директор на OST, денеска во Охрид.

„Со меморандумот за разбирање двете страни ќе ги остварат меѓусебните права и обврски, заедно со партнерот европската банка за обнова и развој околу изготвување на студија за оправданост на овој проект“, вели портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.

sorabotka„ Студијата е планирано да заврши за една година и после тоа со тој документ двете страни ќе може да конкурираат за да добијат средства за изградба на овој далековод помеѓу Битола и Елбасан. Физибилити студијата со еколошките проекти ќе бидат финансирани од европската банка за обнова и развој преку програмата инвестициска рамка на југозападен балкан“, вели портпарол на МЕПСО, Никола Стојанов.

Предвидено е овој проект да биде изработен во период од една година откако ќе биде усвоена Проектната задача од страна на МЕПСО, OST и донаторот ЕБОР.

Електроенергетското поврзување со Република Албанија е еден од врвните приоритети на АД МЕПСО заради значењето на коридорот 8.

„ Новото електроенергетско поврзување ќе биде од големо значење заради тоа што преку електроенергетските системи на АЛбанија и Црна Гора ќе се поврземе и со електроенергетскиот систем на Република Италија. Дополнително овој проект ќе значи зголемување на капацитетот на преносната мрежа на АД МЕПСО, а воедно поврзувањето ќе значи намалување на опасноста од испади и зголемување на нивото на доверливост и сигурноста на македонскиот електроенергетски систем“, вели Стојанов.

Изработката на Студијата за оправданост на 400 kV далновод Битола-Елбасан ќе биде основен документ со кој ќе се потврдува оправданоста на изградбата на  далеководот по што ќе може двете компании да бараат кредити за изградба на првото електроенергетско поврзување меѓу Република Македонија и Република Албанија.

Изработката на физбилити студијата ќе биде финансирана со донација од WBIF (Инвестициска рамка за Западен Балкан), целосно финансиски поддржана од Европската банка за обнова и развој, за што се планирани 650.000 евра.Според првичните сознанија изградбата на далеководот би чинела околу 20 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top