„Панкот не е мртов“ конечно ја здогледа светлината на денот. Иако се соочуваше со повеќе проблеми од самиот почеток, филмот сепак успешно завршен. Снимањето траеше седум недели, главно на локации во Скопје, но и во Куманово, Дебар и Дебарско Езеро. Се работи за Панк филм и објаснување на некои дејствија кои ни претставуваат една поинаква Македонија. Во филмот учествува и навивачката група Комити Скопје. Овој филм премиера ќе доживее и во Охрид.
„На 15ти Април во Центарот на култура ќе се одржи премиерата на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“. Филмот припаѓа на жанрот црна комедија иако е љубовна урбана приказна. Во филмот учествуваат познати македонски актери и актерки…“ рече Драгана Боцеска-Директор на Центар за култура „Григор Прличев“
Станува збор за нискобуџетен филм кој е направен со средства од околу 300.000 евра што и тоа како ги отежнало работите околу снимањето. Токму поради финансиските проблеми, на снимањето на овој филм работеле доста волонтери и статисти.
„Филмот е во продукција на Панк филм. Овој филм е подржан од Филмскиот фонд на Македонија во копродукција со Витаграф од Србија. Овој филм ќе се прикажува од 15ти до 20ти Април во Центарот за култура во 20 часот и интересно е тоа што премиерата ќе биде во исто време во Скопје, Струмица, Струга и Охрид. Очекуваме интерес, уште еден филм од македонска продукција, „Панкот не е мртов“.-додаде Боцеска
„Панкот не е мртов е приказна за маргиналната живеачка во Скопје, а главниот лик е скопски панкер, долгогодишен наркоман, симпатична урбана фаца. Живее во пролетерско предградие, во кутра работничка населба. Приказната е многу блиска до урбаното живеење во Македонија, но прикажано низ скопското битисување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град