Локалната веднаш излезе со реакција во медиумите во врска со пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, која ја пренесуваме во целост:
„Изградбата на Здраствениот дом во Охрид е прашање од интерес на граѓаните ,а не дежурна тема на ОК на ВМРО- ДПМНЕ за полемика со локалната самоуправа.Недолични се обвинувањата дека виновник за доцнењето со изградбата на овој важен здраствен објект е локалната самоуправа зошто речиси 5 години не е доставена потребната документација.
Сметаме за потребно уште еднаш да и предочиме на загрижената охридска јавност дека со ваквите неосновани напади ОК на ВМРО- ДПМНЕ сака да ја избегне одговорноста за неажурноста на нивните раководни структури во Здраствениот дом .Од секторот за урбанизам при локалната самоуправа повеќепати сте биле советувани да си ја завршите и да ја поднесете потребната документација, за да ја добиете градежната дозвола, но очигледно е дека тоа не сте го сториле.
Признајте си пред себе и пред јавноста дека тоа е лош маневар на вашиот ОК на ВМРО- ДПМНЕ , зошто очигледно ја лажете јавноста дека имате пари за изградба на здраствениот дом, а веројатно сте ги потрошиле за изградба на спомениците во Скопје.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град