Конечно се најде место за скулптурата Jагула

Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од  шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре.

 |  Валентина Нелоска  | 
skulptura jagula
скулптура Јагула

Најдолгата скулптура јагулата, во нашата земја и во светот, конечно ќе биде изложена на соодветен простор. Јагулата ќе биде лоцирана на почетокот од  шетачката патека кај Горица, на просторот околу плажата Куба Либре. Скулптурата  ќе биде изложена како  туристичка атракција најдоцна до почетокот од мај. Уметникот кој ја изработи јагулата Сергеј Цингулоски задоволно вели дека конечно најдоа заеднички јазик со Локалната самоуправа.

Деновиве  од секторот за урбанизам ќе започнат со постапката за издавање дозвола за партерно уредување на просторот. Сопствениците на Куба либре, пак ќе имаат обврска да се грижат за нејзиното одржување. Тоа би значело еднаш годишно нејзино премачкување а бојадисување за трајно  да се зачува. Скулпторот Цингулоски  заедно со архитект останува да  ја подготват железната конструкција на која ќе се постави јагулата.

CinguloskiИзложбата на скулптурата јагула беше во јули, минатата година, во рамките на  свеченото отварање на јубилејното 5 децениско постоење од „Фестивалот  Охридско лето“.  По 10 месеци од затварањето на  изложбата, јагулата која ја донираше  бизнисменот, Зоре Темелкоски, вредна 9000 евра,  ја отстапи во сопственост на градот. Таа досега беше незаштитена  во кругот на градските гробишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top