Онаму каде што има чад, навистина имало и оган. Вистинити испаднаа шпекулациите кои последниве три месеци се слушаа во охридската јавност за тогаш наводната, а од денес веќе и официјална смена на Директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски.
Можеби Трпчевски нема да се најде на листата кандидати за пратеници, како што во последно време се шпекулираше, но според градоначалникот Петрески кој го назначува директорот на ова јавно претпријатие, политиката и претстстојните парламентарни избори се причина за смената во врвот на Проаква. Трпчески и неговиот нов политички ангажман за претстојните предвремени избори се причината за ваквата одлука, вели Градоначалникот Петрески.
Старкоски од денес и официјално е вршител на должност директор на МЈП Проаква, додека Трпчески останува во Проаква како советник на директорот и координатор помеѓу Меѓуопштинското јавно претпријатие и градоначалниците на Охрид и Струга. Денешната делумна разврска во Проаква остава простор повторно за ново – стари шпекулации. Дали гласините кои веќе три месеци кружат во јавноста дека нов директор на Проаква ќе биде Игор Блажевски, ќе се обистинат или пак со денешнава смена едноставно се прави простор за сегашниот пратеник Тони Чингоски, на кој му завршува мандатот, да не остане со празни раце, ќе видиме набрзо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град