Колачот наречен државно градежно земјиште

Општина Охрид за два месеци ќе добие од државата дел од неизграденото градежно земјиште. Најголем дел ќе биде земјиште од трета, четврта и петта категорија. Од локалната задоволно ги тријат рацете за плажите и и останатите атрактивни локации долж крајбрежјето.

 |  Крсте Голабоски  | 
plaza
плажа

За  нешто повеќе од два месеци и општина Охрид ќе добие дел од колачот наречен, неизградено градежно земјиште. Сеуште државното градежно земјиште останува најпосакуваниот извор за финансирање на локалните самоуправи.  Речиси никој од градоначалниците, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаат, никогаш не се откажаа од барањата за целосно владеење и управување со него. Ако градоначалникот на соседна Струга, Рамиз Мерко вешто одбегна да посочи кои поатрактивни локации ќе ги добие назад од државата, Александар Петрески пак, Градоначалникот на Охрид информира, на што општина Охрид може да се надева со стапувањето на сила на новиот Закон за градежно земјиште.

„Точно е дефинирано кое земјиште им се враќа на општините, а што останува на државата. Целото земјиште од трета, четврта и петта категорија се враќа на општините, додека земјиштето од прва и втора категорија останува под РМ, меѓутоа со можност тоа земјиште да се префрли на општините,“ кажува охридскиот градоначалник.

Aleksandar PetreskiПреносот на сопственоста ќе се однесува на неизграденото државно градежно земјиште. Па така, општините би станале сопственици на државното градежно земјиште на кое, според Законот за градење и важечките урбанистички планови, се предвидуваат градби од трета, четврта и петта категорија, за кои, одобрение за градба издава локалната, односно, градоначалникот. Петрески вели дека во државна сопственост остануваат градежните парцели на кои се предвидуваат градби од прва и втора категорија, како што се автопатишта, хидроцентрали и други големи стратегиски објекти од државен интерес.

„За некои општини интересни се ливадите, шумите. За некои земјиштето каде се наоѓаат рудниците. За нас најинтересно е езерото, крајбрежјето и убавите локации околу езерото,“ потенцира Петрески.

Од Министерството за транспорт не информираа дека со стапување на сила на Законот за градежно земјиште, единиците на локалната самоуправа ќе може да управуваат со неизграденото градежно земјиште сопственост на Република Македонија, почнувајќи од 01. јули 2011 година, доколку се исполнети сите предуслови. Ова значи дека општините самите ќе ги спроведуваат постапките за јавно наддавање за отуѓување, односно давање под закуп на градежно неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија и се наоѓа на територијата на самата општина, под што се подразбираат и постапките за давање под краткотраен закуп на плажите.

Процесот на менаџирање со земјиштето, ќе биде олеснат со изработка на посебен компјутерски софтвер, кој ќе биде дистрибуиран до самото стапување на законот на сила, на први јули годинава. Од страна на министерството, ќе се формира работно тело, кое ќе врши обукa на општинската администрација. Што се однесува до средствата кои ќе се соберат од продажба на земјиштето, 80 проценти од нив ќе се слеат во буџетот на општините, додека 20 % во државната каса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top