Нема земјотреси ама за секој случај…

Македонците за среќа не ги почувствуваа јапонските земјотреси, но осигурителните компании од земјава сигурно ги почувствуваа. Заинтересираноста на населението за осигурување од земјотрес е во постојан пораст. Дали се работи за страв, претпазливост или согледување на корисноста од осигурувањето?

 |  Мишел Наумоски  | 
QBE
QBE

Македонија е далеку од Јапонија па, останавме безбедни од катастрофалните потреси кои се случуваат во оваа пацифичка земја. Сепак, овие земјотреси предизвикаа некаква реакција и кај македонските граѓани. Осигурителните  компании во земјава забрзано почнаа да склучуваат полиси за осигурување на недвижен имот, со дополнително осигурување на ризикот-земјотрес. Осигурувањето од земјотрес не спаѓа во задолжителните видови на осигурувања, но после неодамнешните природни катастрофи, се повеќе клиенти се заинтересирани за него.

„Доколку се јави некој штетен настан, луѓето пројавуваат интерес за осигурување, меѓутоа економската состојба во Македонија е ваква каква што ја знаеме и куповната моќ на населението е мала, така да многу бавно оди овој пораст на осигурувањето за жал, сметано во однос на западните земји каде интересот е многу голем“.-рече Зоре Николоски-менаџер на продажба во Кјуби Македонија-Охрид

zore NikoloskiВо Македонија осигурувањето е сеуште во своите зачетоци и довербата на луѓето во оваа дејност е релативно мала. Иако, на прв поглед, осигурувањето од земјотрес или осигурувањето воопшто изгледа како скапа услуга, бројките го говорат токму спротивното.

„Премијата што треба клиентот да ја плати заедно со сите дополнителни ризици е многу поволна, многу ефтина. За стан од 60тина метри квадратни за дополнителниот ризик земјотрес премијата изнесува некаде 50тина евра.“-додава Николоски

Доколку и оваа сума е премногу голема за клиентот да може да ја плати одеднаш, најголемиот број од осигурителните компании нудат плаќање на рати, што и тоа како ги олеснува работите. Но дали луѓето треба да чекаат да се случат вакви природни катастрофи за да ги користат осигурителните услуги, јавноста сама нека процени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top