Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон.
„Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека ќе имаат доволно политичка волја да го спроведат законот. Се надеваме дека во следниот период законот ќе доживее своја имплементација и свое остварување во животот со што ќе ги промени условите за живот во Охрид.“ изјави пратеникот Александар Николовски
За зачувувањето на Старото градско јадро во името на Република Македонија ќе се грижи Заводот за заштита на спомениците и културата и музеј, а во име на локалната заедница ќе настапува општина Охрид. За да се погрижат дека законот ќе биде спроведен на дело, општината и Заводот за заштита на спомениците и културата на секои 5 години ќе изработуваат План за интегрирана заштита на Старото градско јадро.
Во дел од законот стои дека целосно се забранува никнувањето на нови градби, а пропишано е и какви измени можат да се прават на веќе постоечките. Изведувањето на било какви градежни работи ќе бара најпрво спроведување на археолошки истражувања и постојан археолошки надзор пред да се преземе било што.
Законот за Охрид сепак наметнува една очигледна дилема. Што ќе се случи со оние градби кои што веќе се влезени во деталниот урбанистички план, а кои повредуваат некоја од одредбите на новодонесениот закон, како што се нацрт урбанистичките планови за објектите „Табана“ и „Летница“ за кои веќе беше дадено зелено светло од Министерството за транспорт и врски. Останува да видиме дали овие урбанистички решенија ќе бидат реализирани или со овој закон плановите паѓаат во вода.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град