Охридската СДСМ дава знаци на живот

Се крои листата на кандитати за пратеници од редовите на СДСМ Охрид. Според извори блиски на ТВМ, во моментов,  едниствен сигурен кандидат на оваа листа е Митре Вељаноски, член на Извршниот одбор на централното партиско тело.

 |  Билјана Николоска  | 
sdsm
СДСМ

SDSM OhridНајавите за предвремените парламентарни избори ги размрдаа партиските активисти на ОО на СДСМ Охрид. ТВМ дознава дека веќе се крои листата на кандидати за пратеници во  новиот состав на Собранието на Р. Македонија. Како единствено сигурен кандидат се споменува името на Митре Вељаноски, долгогодишен партиски приврзаник на СДСМ, кој на конгресот кој што се одржа на 07 јули 2009 година во Охрид влезе во тимот на високото партиско водство на лидерот Бранко Црвенкоски. На листата кандидати за пратеници по се изгледа во игра влегува и актуелниот директор на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, за кој деновиве не стивнуваат гласините дека се очекува да даде оставка од директорската позиција. Дали пратеничкото место се нуди во замена за директорското, времето ќе покаже. На оваа листа се токми и името на Науме Јованоски, сегашниот претседател на ОО на СДСМ од Охрид. Актуелниот градоначалник Александар Петрески по се изгледа ќе се задоволи со претседателската позиција на Изборниот штаб. Се очекува до 20 април точно да се издефинираат имиња на кандидати за пратеници од ОО на СДСМ Охрид.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top