Потресна исповед на двајца преживеани од несреќата на бродот „Илинден“

Продолжение на доказната постапка од несреќата на бродот „Илинден“.

 |  Крсте Голабоски  | 
brod ilinden
брод Илинден

Brod ilindenДенес пред охридскиот суд сведочеа двајца од петнаесетте најавени сведоци. Стојанка Георгиевска и Марија Павлова,  и двете ја преживеале бродската несреќа, но во неа загубиле некој од најблиските. И двете бугарски државјанки со идентични искази. Пред судот изјавија дека пред испловувањето, никој не ги прифатил, ниту им укажал каде да седнат. Ниту една од нив не знаела да плива. А, не им било ни покажано каде во бродот се наоѓаат појасите за спасување.

Од кобната судбина, која го снашла нејзиниот сопруг, Павлова, ја спасил самиот капетан Филевски. И покрај ова, таа пред судот побара одговорност од човекот кој и го спасил животот. Адвокатите на оштетените пред дилема. Како да се распредели вината помеѓу Филевски и претставникот на „Лојд“ Бранко Баиќ.

„Најголем проблем е да се распредели вината помеѓу германски „Лојд“ и Филевски. По мое лично мислење не можам да кажам дека капетанот Филевски е повиновен од Бранко Бајиќ, вели адв.Владимир Владимиров.

За време на денешната доказна постапка, покрај сослушувањето на сведоците, беа изнесени и некои материјални докази, како на пример фотографиите, направени од страна на патниците од бродот, пред случувањето на несреќата. Адвокатот Владимир Владимиров, исто така потенцираше дека ќе бараат одговорност од германски „Лојд“, но во посебно граѓанско дело.

„За таа цел ќе побараме посебна постапка како граѓанско дело. Уште не се знае колкава ќе биде сумата. Во моментов бранителите од Македонија ќе направат барање, претставниците на Бранко Баиќ да им го дадат правилникот на „лојд“ во кој е наведен лимитот на нивната одгвоорност. Станува збор за милиони евра“, дециден е Владимиров.

И денес изостана присуството пред судот на второбвинетитот Бранко Баиќ. Тој се произнесол дека не е виновен, а досега единствено е сослушан за потребите на истрагата како сведок, но не како обвинет. Единствениот бугарски турист кој бил на бродот Илинден и знаел да плива, бил инструктор по пливање, но за жал, го загубил животот во несреќата. Инаку, во бродската несќа која се случи на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро загинаа петнаесет бугарски туристи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top