Семејна трагедија на ул. „Момчило Јорданоски“


Двете беживотни тела на маж и жена попладнево биле пронајдени на улицата Момчило Јорданоски. Од СВР Охрид со официјални информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

 |  Крсте Голабоски  | 
ubistvo
убиство

policijaСемејна трагедија се случи во Охрид во доцните попладневни часови. Пронајдени две беживотни тела во семејна куќа на улицата Момчило Јорданоски, во близина на пекарата Габреш. Соседите во шок. Велат станува збор за брачен пар кој во брак бил веќе десет години, а имале и две малолетни деца.

Видно потресени соседите изјавија дека , најверојатно станува збор за семејна расправија, која резултирала прво со убиство, а потоа со самоубиство.

Додаваат дека најверојатно станува збор за долготрајна нетрпеливост помеѓу двајцата сопружници, која на крај, резултирала со трагедија. Соседите шпекулираат, дека една од можните причини за трагедијата, биле коцкарските долгови на сопругот. Инаку неофицијално, сопругата била вработена во МВР. Од СВР Охрид единствено со информација дека, врз двете тела не биле пронајдени траги на насилство. Со официјални информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top