„Лабино“ ќе се средува

Охрид ќе добие нови 15 плажи. Една од нив ќе биде и плажата Лабино. Министерството  за транспорт и врски веќе распиша тендер, на кој заинтерсираните ќе треба да ги достават своите понуди.

 |  Татјана Маленкова  | 
labino
Лабино

Охрид ќе добие нови 15 плажи. Една од нив ќе биде и плажата Лабино. Министерството  за транспорт и врски веќе распиша тендер, на кој заинтерсираните ќе треба да ги достават своите понуди. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата со која атрактивните локации во Охрид ќе се оплеменат.

Градоначалникот забележува што министерството распиша тендер за плажите само два месеци пред истите во владение да ги добие локалната самоуправа.

Со средувањето на Лабино и издавањето на оваа плажа под концесија, ќе се докомплетира идејата зацртана подолг приод за овој дел од Охрид и со која ќе се поврзи стариот дел од Охрид со месноста Грашница, или од црквата Св.Софија, Потпеш, преку Канео па се до Грашница.

Инаку ова не е прв пат локалната да прави напори да ја обнови некогаш атрактиваната Градска плажа.  Првиот обид беше стопиран од страна на заводот за заштита на спомениците и културата поради како што ракоа одрение ископини на кои се наишло за време на градежните активности. Останува да видиме дали овој пат идејата ќе се реализира и конечно ќе заживее и овој дел од Охрид.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top