Лифтинг за локалната патна инфраструктура

Почна санацијата на улиците и патиштата од градов, на кои минатата година беа изведувани градежни работи.

 |  Крсте Голабоски  | 
ulica-sanacija
улица – санација

ShikaleskiДеновиве, на иницијатива на Одделението за комунален развој и сообраќај започна асфалтирањето на дел од улиците, на кои минатата година се изведуваа градежни зафати, поради поставување канализациона и водоводна мрежа. Од ова одделение најавуваат дека ќе се обидат да го решат проблемот со улицата која ги поврзува населбите „Гоце Делчев“ и Видобишта со патниот правец Охрид-Свети Наум.

Шикалески додава дека станува збор за улица на која пред десетина години е изведено поставување на водоводна мрежа, од страна на ЈП Проаква. Шикалески потенцира дека во тој период се укажувало дека цевководот не е адекватен за намената, но сепак истиот бил поставен.

„Можам да кажам дека таму секојдневно се среќаваме со дефекти. Во минатиов период во повеќе наврати, имаме реагирано, а сега повторно ќе реагираме, таа улица мораме да ја санираме“, вели Шикалески.

NiskogradbaОд одделението за комунален развој и сообраќај, предупредуваат дека оваа улица мора да се санира во целост, бидејќи дополнителното одлагање на работите ќе предизвика дополнителни загуби и кај јавното претпријатие и на општината. Даниел Радески од Проаква, кажа оваа улица треба да санира и врати во својата првобитна сосотојба новоформираното ЈП, Нискоградба.

Инаку првичните информации кои дојдоа од локалната после новогодишните празници кажуваа дека асфалтирањето ќе се изврши по 15- ти февруари. Отаму со објаснување дека кога времето е ладно, ниту една асфалтна станица не работи и дека ниските температури влијаат врз квалитетот на асфалтот. Останува да видиме дали конечно со оваа акција ќе се санираат поголемиот дел од проблемите со патната инфраструктура во градот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top