Спортските риболовни друштва и натаму мака-мачат со концесиите. Се додека не се доделат новите концесии, во сила ќе биде забраната за рекреативен риболов. Риболовците очекуваа Владата да го дозволи рекреативниот риболов, но засега ништо од тоа. Тие најавија мирен протест со кој ќе го искажат својот револт.
Спортските риболовци крајно револтирани. Се надеваа дека Владата ќе им дозволи рекреативен риболов, но нивните очекувања беа изневерени. Во моментов концесиите за риболов се истечени, а во меѓувреме мака си мачат рекреативните риболовци. Во сила е забраната за лов на риба, а спортскиот риболов ќе биде приклештен во место се додека не се доделат новите концесии. Засега очите на риболовците се вперени во Владата.
„Значи таа вчера донесе одлука да се распише конкурс за доделување на концесии за реки, значи само за реки, а не за акумулациите и не за езерата. А тоа за нас не го решава проблемот, бидејќи самиот процес од распишување на конкурсот до доделувањето на концесиите трае 4 месеци. Значи наредните 4 месеци ќе биде забранет тотално рекреативниот риболов во Република Македонија. Сите риболовни друштва овие денови имаат под итно состанок со управните одбори.“ вели Радован Димитриески од СРК „Св.Апостол Петар“
Риболовните друштва од цела Македонија јавно ќе се спротистават на забраната за лов на риба. Тие најавија мирен протест пред Владата на Република Македонија. Од СРК „Св.Апостол Петар“ велат дека спортскиот риболов е тесно поврзан со туризмот и подршка мора да стигне од сите страни.
„16 255 риболовци ја очекуваа вчерашната седница на Владата, да донесе одлука со која ќе се дозволи риболов на сите реки, акумулации, рибни површини и езера, да се дозволи рекреативен риболов кој во моментов е забранет. Ако например сега некој фати риболовец на езеро, должен е да плати казна до 1500 евра. Како ние ќе го развиваме туризмот мене не ми е јасно, како и локалната власт не реагира, и како туроператорите не даваат подршка. 5 % од гостите кои доаѓаат во Охрид се спортски риболовци, а тој процент во Дојран се движи и до 20 %.“-додадава Димитриески
Димитриески реагираше и на инцидентот со палењето на трската и недозволената сеча на истата. „Трската е филтер на езерото. Жалосно е тоа што се случува со трската. Во таа трска се разможува и рибата, се размножуваат и птиците, жалосно е ако нешто не се преземе. Да не претеруваме, ама сега кој сака може да земе да ја сече трската, а да не биде казнет бидејќи не постои забрана, не постојат казнени одредби.“ Тие како риболовно друштво уште во 2008 година побарале да се внесе член во законот што ќе го забрани сечењето и уништувањето на трската, но досега таков член не бил внесен во Законот за рибарство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град