Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој припаѓа и охридскиот, со доаѓањето на пролетта се размрда. Она што повеќе години било пропуштено во синдикалната заштита на работниците ќе го решаваат пролетва. Македонските работници заедно со Србите, Црногорците и Косовците со години работат според незагарантирана најниска цена на трудот. Единствено Хрватите се пред нас на овој план. Од синдикатот се оптимисти дека ќе најдат решение за ова прашање иако скоро една деценија работодавачите и владата немаат слух за утврдување на висината на најниската цена на трудот. Ветуваат решение ама сеуште не излегуваат со предлог колку таа би изнесувала по гранки. Првиот општински синдикалец, Драган Цветаноски највува дека со предлог до социјалните партнери ќе излезат веќе од идната недела.
„Кога зборувам за утврдување на висината на најниска цена на труд е онаа која треба да ја добиваат работниците, а работодавачите не можат под таа цена да исплаќаат пониска цена на трудот“ појаснува Цветаноски.
Во однос на измените на Законот за пензиско осигурување ќе предлагаат неколку измени. Меѓу предлозите се враќање на стариот систем на пензионирање на вработените според старост, 35 година работен стаж за жени и 40 работен стаж за мажи, без разлика на старост да важи до 2015 година.
Предлог има за старосна пензија по возраст или работен стаж по дејности, докуп на стаж до 15 години за предвремена пезнија, со исполнување на старост за жени 62 и за мажи 64 години, како и предвремена старосна пензија.
Од Синдикатот најавуваат дека на секои три месеци ќе излегуваат со податоци за висината на социјалната кошничка, неопходна за месечно задоволување на животните потреби на едно 4-ро члено семејство. Во моментов таа изнесува 29.199 денари информира Цветаноски. Појаснува дека само 2,3 посто од граѓаните имаат плата над 30.000 денари, 9,1 посто земаат по 21.000 денари, а останатите проценти отпаѓаат на граѓаните кои се под овој просек.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град