За двајцата службеници, едниот од управата за животна средина од секторот води и од државниот инспекторат за природа за територија на Охрид, се бара нова локација каде што ќе биде сместена нивната канцеларија. Како посакувана местоположба за сместување на нивните работни простории е посочена атрактивна локација на самиот езерски брег со површина на просторот од 40 метри квадратни. Како трајно решение се бара долниот дел од Капетанија. Дали ќе им биде удоволено барањето ќе се знае од утрешната одлука на Владата. На седница треба да се разгледува и да се донесе конечно решение за сместување.
Овие две канцеларии на Министерството за животна средина и просторно планирање досега беа сместени во поранешното Св.Климентово училиште. Со враќање на имотот на Црквата, училиштето треба да и се отстапи на Кичевско-Дебарската Епархија. Двете канцеларии од 2005 година беа сместени во дел од училишната зграда на површина од 120 метри квадратни. За уредување на ентериерот на Канцеларијата беа потрошени околу 70.000 долари, пари од Светската банка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град