Која е причината за се поизразеното врсничко насилство?

За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални.

 |  Татјана Маленкова  | 
nasilstvo
насилство

За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални. Порака на facebook, непочитување на командите на својот соученик – лидер, кој се поистоветува со лик од сериите или последната, која се случи во ОУ Григор Прличев, кога средношколец од Гимназијата во заштита на својот помал брат, предизвика масовна тепачка.

Aleksandar GjorgioskiНекои родители загрижени за она што им го раскажуваат децата по поминатиот училиштен ден. Еден од нив е Александар Ѓоргиевски, дипломиран графички дизајнер, човек чија професија е тесно поврзана со она што се случува во виртуелниот свет на компјутерстаката графика,  кој се обидува да ги пронајде причините за ваквото однесување на децата. „Децата како креативни млади луѓе она што го играат и гледаат го пренесуваат во личната игра“, додава тој.

Вината за овие настани Ѓорѓиевски ја гледа и во воспитнообразовниот систем. Тој смета дека учениците на големите одмори треба да имаат поголем мониторинг од професорите.

Aneta JovanoskaЦрвениот крст како организација на која една од гранките на делување е насилството врз младата популација, смета дека со младите треба многу да се работи. „Децата играат опасн игри во кои се поистоветуваат со улогите во сериите. За жал сето тоа се случува пред очите на нивните родители“, вели координаторот за млади при Црвениот крст Анета Јованоска.

„Анализа и согледување на актуелните состојби во училиштата како и предлози за надминување на асоцијалното однесување на учениците, како и другите нагативни појави во и околу училитето“, тема на 18 состанок кој ќе се одржи утре и на кој ќе учествуваат претставници од СВР и од советодавната група граѓани од Охрид.

На состанокот треба да бидат изнесени резултати од истражувањето на м-р Гордана Атанасова за причините  на агресивното однесување на учениците од V до VIII одделение.

Останува да се надевеме дека родителите потрезвено ќе размислат за последиците кои ги демнат нивните деца доколку и во иднина продолжат да им дозволуваат да играат игри кои пренесуваат насилство.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top