Иако имаме големо работно искуство во туризмот, сепак мора да признаеме дека од нашите соседи и тоа колку можеме да научиме.
Со овие зборови, Претседателот на Стопанската комора за туризам на Македонија, Ангел Иванов ја објасни целта за организирањето на оваа неформална средба на трустичките асоцијации, од Хрватска, Србија, Словенија и Македонија. На прашањето за тоа што последнивие години се случува во туризмот кај нас и дали играњето со формите на елитниот или руралниот туризам, како можни решенија за кризата во која се неаоѓа туризмот кај нас, Иванов со одговор дека во никој случај не можеме да бидеме конкурентни со елитниот туризам, додека руралниот кај нас е во својот зародиш. Единствена солуција е да бидеме дел од пакет туристички производ со кој ќе се продава поширокиов туристички регион.
Претставникот на Здружението на хрватските патнички агенции УХПА, Мишел Басанес, согласен дека руралниот туризам, според податоците на Светската туристичка организација оди во нагорна линија, но дека е потребна дополнителна размена на искуства, посебно меѓу земјите во регионот, доколку сакаме сериозно да се занимаваме со оваа форма на туризам. Басанес дециден, дека само заеднички координиран настап на масивниот светски туристички пазар, може да помогне за развој на туристичката понуда од регионов.
Во врска со тоа колку здрава е релацијата помеѓу државните институции и туристичките асоцијации, претставниците на туристичкиот еснаф од регионов, со еден заеднички став. Во сите држави од поранешна Југославија, статусот на турстичките асоцијации не е адекватен. Се додека во министерствата за туризам и агенциите, писарите и бирократите се обидуваат да се занимаваат со туризам, позитивните резултати ќе изостанат, вели поранешниот министер за туризам на република Србија, Радисав Станковиќ.
Средбите од ваков вид претставуваат можност за презентација на туристичките потенцијали на Македонија. На маргините од средбата, на која е најавено да се одржат голем број билатерални средби, за размена на искуства од сферата на туризмот, ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора за туризам на Македонија и сите асоцијации посебно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град