Охридска делегација во посета на саеми во Дубровник и Будва

Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми.

 |  Татјана Маленкова  | 
delegacija
делегација

Охридска делегација составена од претставници на стопанската комора на Македонија, ЈП Билјанини извори и агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 24 до 28 март посети два саеми. Саемот во Дубровник насловен „Саем на маслинки или медитерански саем“ посветен на производството на Здрава храна и во Будва, традиционален саем, на кој свој штанд имаше и Општина Охрид.

“Заминавме во Будва на покана на стопанските комори од Дубровник со кои имаме извонредна соработка“, вели Ружди Муфти, член на стопанската комора на Македонија и потпретседател на регионалната стопанска комора.  Целта на нашето патување беше да видиме како изгледа саем за здрава храна, па потоа искуствата од таму да ги пренесеме и кај нас, затоа што факт е дека интенција на модерниот туризам е здравата храна, додава Муфти.

„Ние ги имаме сите ресурси. Јас случајно сум потпретседател на УО на ЈП Билјанини извори каде можеме да организираме сличен саем, така да искуството од Дубровник сметавме дека многу ќе ни користи. Со мене беше и директорката на СРЦ Билјнини Извори, направивме доста плодни разговори со директорот на саемот со стопанските комори на Хрватска, носиме многу искуство од таму, така да се надевам дека набрзо ќе организираме и кај нас еден ваков сличен саем“, истакна потпретседател на регионалната стопанската комора, Ружди Муфти .

saemМуфти додава дека туристите избираат дестинации каде се нуди здрава храна. Според него ние треба да ја искористиме можноста, затоа што имаме многу чиста средина како Дебарца или Орман каде можеме да произведуваме здрава храна.

Во разговор со директорот на саемот добивме директна покана следната година и Охрид да учествува на Овој саем. „Верувам дека надлежните служби ќе ја искористат оваа шанса и следната година во Дубровник ќе го презентираат најдоброто од Охрид, како што е храната, но и алхохолните и безалхохолните пијалоци, прозиведени во домашни услови“, истакна  потпретседател на регионална стопанската комора.

Покрај во Дубровник, нашата делегација го посети и семот во Будва, каде Охрид имаше свој штанд. Муфти се запрашува зошто туристичките потенцијали кои ги нуди Охрид во Будва беа претставени под секое ниво.

„И Охрид имаше штанд во Будва, но за жал, освен Благоја од Св. наум не видовме друг човек. Незнам зошто нашите не беа заинтересирани за ова саемско претставување. Сметам дека потенцијалните туристи од  бившите ЈУ простори се многу заинтересирани за Македонија , затоа што многу од нив сакаат да се потсетат на девите кога во Охрид служеле воен рок, или токму кај нас ја имале првата љубов. Ние не  го нудиме само езерото, ние нудиме, историја, природни убавини, здрава храна“, вели Муфти.

Го запрашавме и раководителот на секторот за Туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски зошто претставувањето на Охрид во Будва било на многу ниско ниво.

„Општина Охрид го обезбеди штандот и пушти покани до сите хотели и агенции кои се заинтересирани да се претстават на саемот. Незнам од каде се овие обвинувања дека претставувањето на охрид било на ниско ниво“, вели Симоноски.

Охрид и Будва се збратимени градови и уште од 2006 год, благорение на добрата добрата соработка помеѓу општините, Охрид постојано бесплатно се претставува на овој саем за туризам. Останува енигма зошто годинава заинтересираноста на хотелиерите и агенциите била многу мала. Сеуште не знаеме дали не биле информирани или пак тие не биле заинтересирани за промовиање на својата понуда на овој пазар.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top