Општината повторно ќе го помага локалниот економски развој и туризмот. Објавен јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот. За оваа намена од буџетот на оптината се издвоени 2,7 милиони денари. Максималниот износ за подршка на секој проект изнесува 200.000 денари, а за сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 20% од вкупната вредност на проектот. За тоа дали доделените средства ќе бидат наменски користени ќе проверува стручна комисија од секторот за ТЛЕР.Горан Мицкоски од Секторот за Тлер, со објаснување, за тоа кој се ќе може да аплицира за овие средства.
Согласно стратегијата за одржлив економски развој на општината, прифатливи ќе бидат оние проекти , кои се во корелација со целите и приритетите на стратегијата. Проектите во врска активности од Локалниот економски развој и туризмот ќе имаат предност. Годинава за прв пат физичките лица заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти од мал обем ќе може да го почуствуваат бенефитот кој им го нуди локалната. Ќе може да аплицираат за средства за подобрување квалитетот на постојната и изградба на нова инфраструктура. И овие проекти ќе се финанасираат со максимален износ од 200.000 денари, што ќе претставува најмногу 50% од вкупниот износ на проектот. Од секторот за ТЛЕР задоволни од резултатите од првиот ваков јавен повик. Од првиот ваков јавен повик, од туризмот реализирани 6, проекти во целост, вели Апостолоски.
Навистина повотрувањето била мајка на знаењето. Ако за реализација на проектите од првиот ваков јавен повик им беше потребна повеќе од една година, поради прележување на детските болести, пример дополнителен период за евалуација, или спроведување на постапките за одлучување, од овој сектор на локалната, годинава подготвени. Навреме, со доволно долг рок и секако во период кој е соодветен за користење на буџетските средства од општината тие го објавија овој јавен повик. Повикот е објавен на 23 март, трае до 30-ти мај, а во средината на април ќе биде свикана консулативна средба со апликантите, со цел истите да се запознаат со условите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град