Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата на вештите лица кои кажуваат за пресметливоста на обвинетиот и видот и карактерот на повредите ја откриваат фактичката состојба.
Наспроти мислењето на Цобоски дека се наѕира расветлување на овој настан, Емил Балабан бранителот на обвинетиот Џемаил Асани, смета дека оваа постапка нема да заврши брзо. Ова го поткрепи со изјава дека сите докази мора да се изведат во постапката за да се утврди вистината. Балабан очекува ослободување од кривично дело на обвинетиот и смета дека доколку има реконструкција на настанот тоа и ќе се потврди.
Струшкиот судски совет предводен од судечкиот судија Живко Аврамоски, расветлувањето на овој предмет очигледно го форсираат. Нов претрес закажаа за 06.04 годинава на кој претрес се очекуваат завршните зборови. Потоа нормално треба да се изрече и пресуда согласно правната квалификација на предметот која ќе ја одреди судот. Како што веќе ТВМ информира, овој настан се случи на 30.08 минатата година на раскрсницата од магистралниот пат Ќафасан – Струга и регионалниот пат Струга – Дебар. Во овој немил настан настрада Џемаил Исмаили, неговиот син Мефаил Исмаили беше тешко ранет кој остана во живот благодарение на итната хируршка интервенција која била изведена на хируршко одделение во Струшката болница.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град