„Очигледно преплашени од глетката пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која ја видоа масовноста и подготвеноста на членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид за парламентарни избори, ОО на СДСМ брзо брзо свика прес на кој, преплашена, до јавноста се обиде да протне дезинформација дека некој на некого му се заканувал. Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан“, истакна на денешната пресс конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Илија Мојсовски.
„ВМРО-ДПМНЕ не спаѓа во рецидивите на старата комунистичка партија и во внатрепартиското делување не ни е познат зборот „закана“. Ние, за разлика од некои други, не ги заклучуваме луѓето во салата на Општината за да ги условуваме и да им се закануваме. Затоа на СДСМ и препорачуваме слободно и секојдневно да гледа низ прозорчињата како река на луѓе секојдневно се слева и ќе се слева во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Тоа се луѓето кои ќе ја донесат новата победа на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Илија Мојсовски.
Мојсовски истакна дека последните информации кои излегоа во јавноста за осовременувањато на болницата се чиста лага и дезинформација. Тој додаде дека овие информации ги шират како што рече „пишман играорците“ од ОО СДСМ.
Според Мојсовски, Охрид, спротивно на волјата на СДСМ, ќе добие најсовремена болница. ВМРО-ДПМНЕ гради објекти кои остануваат засекогаш и тоа СДСМ не може да го поднесе. Затоа што СДМС никогаш ништо не направила ниту во Охрид, ниту во цела Македонија,. Освен штета, се разбира, вели Мојсовски.
На денешната пресс конференција портпаролот уште еднаш од СДСМ побара објаснувања зошто се премолчува како што кажа скандалот на нивниот градоначалник.
„ Но, најсимптоматично на избрзаниот прес на СДСМ беше фактот што СДСМ го заборави, не сака да го спомне, или нема одбрана за скандалот на нивниот Градоначалник, и не им преостана ништо друго освен да го премолчат. Со тоа само ни даваат за право да веруваме дека е вистина дека нивниот градоначалник Петрески има во својот џеб 1.6 милиони евра, без никој да даде одговор како тоа ги заработил? Дали премолчено потврдуваат дека е вистина дека Градоначалникот побарал средствата за комуналии за Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник со цесија да се префрлат во градежна фирма?“истакна Мојсовски.
На крајот Мојсовски запраша Зошто, како и обично, Петрески и локалната на СДСМ лажеа дека со средствата ќе решавале комунални проблеми кога средствата „веќе им биле ветени“ за нешто сосем друго?
СДСМ и Петрески се фатени во голема лага и уште поголем скандал и веќе не ни можат да се одбранат, истакна портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град