Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.
Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.
На обвинетиот Д. Ѓ. од Куманово за две кривични дела му изрекува казна затвор од 5 години, обвинетиот Е. Т. од Штип за едно кривично и едно продолжено дело го осудува на единствена казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот А. М. од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години го осудува на казна затвор во траење од 4 години.
Штипскиот основен суд во изминатите неколку месеци изрече пресуди за 11 обвинети во случајот со педофилија и трговија со луѓе, а на едно лице од Куманово, кое поради лошата психичка состојба е сместено во болница во Демир Хисар, ќе му се суди кога ќе му се подобри здравствената состојба.
Максималната казна затвор од 15 години за извршено кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години е изречена на бизнисменот од Кочани П. Т, кој е во бегство, а на 66-годишниот бизнисмен од Штип Т Г му е изречена казна затвор од 10 години.
Останатите девет обвинети, меѓу кои и две девојки обвинети за подведување на малолетничките, добија затворски казни од 8 до 4 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град