Праксата на дело. Урбаната опрема ќе се подига без пардон. Нема веќе прогледување низ прсти за неплаќачите на обврските кон локалната. Градежниот инспекторат отпочна со реализација на програмата за поставување на урбана опрема.
Радикалните мерки на овој инспекторат вчера ги почуствуваа неколку сопственици на кафулиња лоцирани на градскиот плоштад и на потегот помеѓу обложувалницата „Премиер“ и Амамот.
Објаснувањето на првиот човек на општинскиот инспекторат Танас Танасоски е дека мора од некаде да се почне за да се стави крај на проблемите од овој аспект. Оваа опомена траба сериозно да ја сватат сите сопственици кои користат јавна порвшина за поставување на урбана опрема, предупредува Танасоски. Додава дека време е сите тие да поднесат барање за одобрување за користење на површина за поставување маси и столици. Оваа тема очигледно побуди интерес и во охридската јавност.
Веднаш после емитувањето на нашите прилози на оваа тема стигна и допис до нашата редакција. Граѓаните го посочија угостителскиот објект „Тумба 3“, лоциран на источната страна на телефонските говорници во близина на поренешна дирекција на Охридско лето. Танасоски добро е запознат за што станува збор и појасни каков е начинот за отстранување на објектите во ваков случај. За престојната сезона кејот Маршал Тито веќе е окупиран, вели Танасоски, бидејќи веќе има многу барања за поставување на тезги и урбана опрема. Танасоски го приложи и планот за јавните површини во градот каде може да се постави урбана опрема. Истите тие локации ќе бидат издадени со лицитација а потоа ќе треба да се склучи договор со локалната. Цента за издаден простор по метар квадратен се движи од 7 до 15 денари. Инаку износот на сумата на неплатени давачки за користење на јавна површина за поставување на урбана опрема досега е доста висока потенцира Танасоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град