Како што ТВМ во неколку наврати информираше, пред половина година Управниот одбор на оваа јавна установа ја предложи Марина Петроска Тодороска, за оваа фукнција, а предлогот беше прифатен од градоначалникот Петрески. Тодороска беше именувана за вршител на должноста директор. Како што е познато тогаш, дел од членовите на Управниот одбор, го кренаа гласот против оваа одлука на градоначалникот, поради забелешки дека со оваа одлука се прави повреда на статутот на градинката.
Нејзиниот противкандидат, Роза Костеска, ја обжали ваквата одлука. Второстепената комисија сеуште се нема произнесено во врска со нејзината жалба.
На седницата на управниот одбор на градинката одржана денес, повторно за функцијата раководител на градинките беше предложена Марина Петроска Тодороска. Овојпат гласањето било јавно, за разлика од претходниот пат кога истото било тајно спроведено. Каква ќе биде расврската во голема мерка зависи и од одлуката на второстепената комисија при Министерството за труд и социјална политика, која наскоро треба да се произнесе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град