Промовирана велосипедската патека „Лихнидос“

Велосипедистите во неколку категории возеа низ калдрмисаните улички на Варош и Месокастро.

 |  Валентина Нелоска  | 
velosipedist
велосипедист

52-ца членови од осум велосипедски клубови од земјава, кои се занимаваат со планински велосипедизам,  ја промовираа велосипедската патека „Лихниодос“. Велосипедистите во неколку категории возеа низ калдрмисаните улички на Варош и Месокастро. Учесниците во трката истакнаа дека патеката е вистински предизвик за нив, напорна и опасна со угорнини и надолнини, која треба да се извози со максимална концентрација.

Поддршка на оваа спортска манифестација, која оди во прилог на надополнување на туристичката понуда  и на охридскиот велосипедски клуб „Еко Дром“ даде и Локалната самоуправа од Охрид. Стартот на трката го означи заменик градоначалникот Томислав Тунтев.

Велосипедскиот клуб „Еко Дром“ создава оргинален начин за нова туристичка промоција на Охрид. Претседателот на овој клуб Александар  Јованоски смета дека со оваа спортска манифестација ќе се даде акцент и на останатите видови туризам.

Станува збор за спој  на екстремниот планински велосипедизам, со урбаниот, со интенција патеката „Лихнидос“  да влезе во туристичката понуда на градов.

Velosipedska trka

Кај нас велосипедот е интересно превозно средство за најмладите, но како се одрастува, интересот за него се намалува истакнува Јовановски. Додава, кај нас впечаток е дека велосипедот како превозно средство го користи само пониската социјална класа на граѓани. За разлика од кај нас, пак, во развиените европски земји, велосипедот, како превозно средство, со кое за кратко време се стигнува на многу места и не ја загадува животната околина, се користи на многу повисоко рамниште.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top