Има да се плаќа без пардон

Радиодифузната такса изгледа дека ќе мора сите да ја плаќаат, а од тоа не се поштедени дури и невладините организации и здруженијата на граѓани.

 |  Крсте Голабоски  | 
mrtv
мртв

Радиодифузната такса изгледа дека ќе мора сите да ја плаќаат, а од тоа не се поштедени дури и невладините организации и здруженијата на граѓани.

mrtvЗамислете го апсурдот, живееме во држава каде сметката за радио и телевизија мора да ја плаќаат дури и здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух, кои досега беа поштедени од оваа јавна давачка.

Дел од невладиниот сектор сеуште добива сметки за наплата на радиодифузна такса. Според членот 146 од Законот за радиодифузна дејност, такса плаќа, меѓу другото,  секое правно лице и сопственик  на деловен простор, на секои 20 вработени. Според овој член од законот, правните лица кои немаат ниту еден вработен (а такви се голем дел од здруженијата на граѓани), не треба да плаќаат радиодифузна такса. Исто така, таксата не треба да ја плаќаат и сите оние кои немаат сопствен деловен простор.

И покрај изјаснувањето на собраниската Законодавно-правна комисија, дека овие физички и правни лица не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса, сметките сеуште пристигаат на нивна адреса.

мртвВо отсуство на други приходи, земањето пари од сметките на невладините организации, претставува прекршување на законот, за што може да добијат негативен ревизиски извештај, или, ненаменско трошење на пари.

Заедниците на станари, синдикатите и невладините организации, неодамна добија решенија за плаќање такса за целата измината година, во износ од 1.560 денари. Против овие решенија може да биде доставена жалба, но во тој случај, треба да платите  такса и за жалбата, која ќе ве чини 250 денари.

Но, изненадувањата не застануваат тука. Решенија за радиодифузна такса изминатиов период почнаа да пристигаат и на имиња и адреси на починати лица. Граѓаните зачудени. Иако тие  побараа МРТ да го исчисти регистарот,  управниот одбор на телевизијата соопшти дека од МРТ немаат обврска да ги бараат потомците на починатите лица, бидејќи наследно-правните работи се во рацете на наследниците. Веднаш излегоа со објаснување и оградување дека, според Законот за радиодифузна дејност, таксата ја плаќа секое домаќинство. Според тоа, обврската не се однесува на физичко лице, туку на семејно домаќинство, освен кога во станот или во куќата во која живеел починатиот повеќе не живее никој. Дали МРТ конечно го најде успешниот модус за наплата на радиодифузната такса ќе покаже времето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top