Водата е извор на живот и природно богатство без кое нема опстанок. Две третини од земјината површина се покриени со вода, а човечкото тело содржи 75 проценти вода, оттука јасно е дека водата е една од основните елементи кои се одговорни за животот на земјата. Сепак преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, додека во остатокот од светот луѓето неразумно ја трошат.
На предлог на Генералното собрание на Обединетите нации, Светскиот ден на водата почнал да се одбележува во 1992 година. Во изминативе години фокусот бил ставан на најразлични тематики.
„Светската организација на Обединетите нации за оваа година подготвува тема за светскиот ден на водата, „Водовод и урбанизам“, односно главната поента е насочена токму кон урбаните средини односно справување со проблемите околу управувањето со водата и водните потенцијали во урбаните средини односно градовите и решавање на најразлични прашања од типот на природни катастрофи, климатски промени, забрзана индустријализација и развој на градовите.“-рече Даниел Радевски-референ за маркетинг во МЈП Проаква
Справувањето со забрзаната урбанизација секако претставува и секојдневен проблем со кој се соочува и Меѓуопштинското јавно претпријатие ПРОАКВА.
„МЈП Проаква претставува претпријатие кое се занимава со производство, дистрибуција и одведување и прочистување на отпадни води. Секојдневно ги врши овие активности и во те ке ги следи и урбанизацијата и проблемите со кои секојдневно се соочуваме, така што мислам на најдобар можен начин одговараме на сите тие предизвици кои ги бара денешното работење и живеење.“-додаде Радевски
Во изминативе неколку години МЈП Проаква по повод Светскиот ден на водата организираше најразлични активности. За 2011 година подготвиле интересен начин на одбележување на овој ден.
„Оваа година МЈП Проаква како начин на одбележување на Светскиот ден на водата припреми наградна игра за најредовните потрошувачи, значи за оние кои навремено ги подмириле своите сметки не само оваа година туку и години наназад и кои што биле редовни подржувачи на нашата работа.“-вели Радевски
Знаејќи дека милиони луѓе секојдневно се соочуваат со недостиг на вода и знаејќи дека резервите со кои располагаме се ограничени и во секој момент би можеле да пресушат, добро би било да не ја трошиме водата непотребно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град