На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833 објекти за приватно сместување од мал обем.
На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833 објекти за приватно сместување од мал обем. Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107 во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето најмногу се нудат соби со една ѕвезда. Евидентирани се 1647 соби во Охрид и 343 соби во Пештани.
Раководителот на ТЛЕР Гоце Симонски е на мислење дека соодветствува односот помеѓу цената за сметување и категоријата на објектите. Станоиздавачите мора да ги следат пазарните законитости вели категорично Симоноски. Доколку немаат гости, мора да се прилагодуваат на ситуацијата и да ја намалат цената за да не останат празни. Она што во моментов станоиздавачите на охридското крајбрежје мора да го менуваат е формирањето понуда за сместување. Таа мора да е стабилна и континуирана, истакнува Симонсоки.
Станоиздавачите мора да ја следат и светската туристичка практика за резервирање на сместувачките капацитети, каде што туристите чекираат термини за одмор во објекти кои имаат дефинирани цени, истакнува Симоноски. Во моментов, цените на апартманите на крајбрежјето, во зависност од категоријата, се нудат по цена од 30 до 35 евра, а полуксузните се издаваат и до 100 евра. Собите, во летната сезона се изнајмуваат и за 50 евра.
Што се однесува пак, до понудата на хотелите на охридското крајбрежје ситуацијата и понатака е непроменета. Засега само хотелот Инекс сјае со 5 ѕвездички, 10 хотели се закитени со 4 ѕвезди, а останатите се со 3 и помалку истакнува директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот,
Зоран Стрезоски. Цената за престој која нашите хотели им ја нудат на гостите е двојно повисока во однос на онаа што се нуди во светските туристички дестинации, нагласува Стрезоски. Појаснува дека во странство ноќевање во двокреветна соба во хотел со четири ѕвезди чини 15 евра, а кај нас таа цена е 30 евра.
Странските тур-оператори постојано им укажуваат на нашите хотелиери дека понудата е со високи цени и дека таа треба да се намали вели Стрезоски. Но, само од нив зависи дали ќе ги следат тие препораки или и понатака ќе ја следат својата математика, високи цени и полупразни хотели.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град