Некогашниот Амам бил уметнички изработена сауна

„Подот од внатрешниот дел на баната бил изработен во мозаик. Од лево имало мермерен шанк, а покрај ѕидот миндери и мали столчиња….

 |  Валентина Нелоска  | 
hamam
hamam

AmamВо охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена  турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу  17 и 18 век. Во  периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење  имало и  афчилница или кажано со денешниот современ речник  ресторан каде што се подготвувале турски јадење.  Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало. Задната врата водела кон просторот на денешната пошта и кино каде  се влегувало во бавчи наречени Амам бавчи.

ZimboВо сеќавањето на седумдесетгодишниот охриѓанец Тодор Зимбо сеуште се живи сликите од изгледот на некогашната бања од неговото време. „Подот од внатрешниот дел на баната бил изработен во мозаик. Од лево имало мермерен шанк, а покрај ѕидот миндери и мали столчиња. Во градската бана најмногу доаѓале месокастрани и кошиштани.  Амамот имал три простории за капење, а кадите биле од разнобоен мермер. Имало редари кои ја прателе постапката за постепено влегување во бањата. Во првата просторија воздухот не бил многу топол, а и водата која течела покрај кадите не била многу жешка. По мермерни  скали се влегувало во другата, потопла проторија од првата, додека треттата просторија била најжешка и тука не можел секој да престојува си приспомнува Зимбо. Во зависност од здравствената состојба постителите се задржувале во онаа просторија која најмногу им одговарала. Извесно време седеле во баната, а потоа се потуривале со топла вода. Амамот беше права уметнички изработена сауна“, со носталгија кажува Тодор Зимбо и жали што не е сочувана како културно историски споменик.

Бањата работела само во зимскиот период и ја користеле жителите кои во тоа време немале домашни бањи, додека во лето сите се капеле на езеро. Зимбо раскажува дека водата се загревала со дрва и ќумур во големи бакарни котли. Просториите во амамот биле многу чисти и многу малку се користел сапун, раскажува чичко Тодор. По капењето во бањата   задолжително било да се задржат во посебна просторија каде што бесплатно им се послужувал чај и топли напитоци. Жените се капеле во бањата до 5 часот, а пак навечер услугите во бањата најечсто ги користеле мажите и повозрасните момчиња.

hamam

Покрај Амамот во чаршијата во Охрид некогаш имало уште две бањи. Едната била кај Маларична и ја користеле жителите од Долна Влашка маала, а другиот амам во  Воска го користеле претежно муслиманите. Варошани ретко ја користеле бањата затоа што простории за капење имале во своите домови.  Амамот жителите на Охрид го користеле до 1951 година, за целосно да биде  срушен кон крајот на 80 години од минатиот век. На  истото место е подигнат сегашниот трговски центар Амам кој само со  името потсетува дека некогаш тука постоела градска бана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top