Нема храна за социјалците но барем има марка патики

Владата дарежлива спрема социјалните случаи во Охрид. Загрозените семејства од нашиот град ќе ги облекуваат во запленета роба. Оваа акција владиниот тим ја спореведе во координација со Центарот за социјални грижи од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
patiki
патики

patikiКорисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата.

„Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош. Се надевам дека оваа соработка нема да престане, дека во иднина ќе имаме повеќе разбирање и повеќе помош за луѓето кои се загрозени во Охрид.“-рече Екрем Каљоши-Директор на Центарот за социјални грижи од Охрид

Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумоски вели дека во Владата се свесни за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Македонија и дека ќе се обидат колку што можат да им ја олеснат ситуацијата на социјално загрозените семејства.

vicepremier„Во името на владата на Република Македонија присуствуваме на примопредавањето на една помош за Центарот за социјални грижи во Охрид. Помошта се состои во повеќе видови на облека и обувки кои што ќе бидат испорачани подоцна до крајните корисници на социјална помош во овој Регион. Денеска всушност се случува една голема акција каде голем број на членови на Владата донираат ваков вид на поммош и други видови на помош, хигиенски производи, козметички производи итн. што претходно се запленети од надлежните органи.“-рече Васко Наумоски-Вицепремиер за европски прашања

Покрај Вицепремиерот Наумоски, присутна беше и заменикот министер за информатичко општество, Мирјана Секулоска. Владините претставници се свесни дека е потребно уште многу работа и во наредниот период во соработка со другите институции ќе се потрудат за решавање на социјалните проблеми.

oblekaНо, се наметнува прашањето дали ова е вистинскиот начин за да и се помогне на оваа ранлива категорија на граѓани. Социјалците сигурно ќе беа многу позадоволни да им беа поделени прехрамбени производи или во најдобар случај да им се овозможи некакво вработување, отколку да им се подарува роба од познати светски брендови. Дали на овој начин хуманоста добива парадоксална димензија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top