За Предлог одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште, за изградба на административниот објект, Свети Климентов Универзитет на Плаошник, охриѓани велат дека е добра идеја. Нашите сограѓани додаваат дека на тој начин парите од граѓаните, повторно ќе бидат употребени за нивно добро.
На последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката група на ВМРО ДПМНЕ преку Координаторот на групата, Дејан Пановски, побара да се стави на дневен ред оваа предлог одлука. Имено предлогот всушност претставува можност, Општината да учествува во изградбата на проектот во висина, која би била еднаква на висината на вредноста на таканаречените комуналии. Од оваа политичка опција потенцираат дека градот Охрид не треба да ја пропушти можноста да биде поддржувач на изградбата и од инвестициски аспект, на овој проект, кој значи многу за иднината на нашиот град.
Томе Нанески од Одделението за комунален развој и сообраќај при Општина Охрид, вели дека цените на комуналиите за уредување на градежно земјиште ги донесува Советот на општината, а истите не се промениле од далечната 1997 година.
Градежното земјиште во нашиов град е поделено на шест зони. Цените на комуналиите за уредување на градежното земјиште се условени од зоната и видот на објектот треба да се гради. Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник, се наоѓа во т.н. Втора зона, а бидејќи станува збор за Простор наменет за изградба деловни објекти и трговска дејност, тогаш висината на комуналиите изнесувал 44% од просечната градежна вредност на објектот. Имено станува збор за милионска сума со која советниците од ВМРО-ДПМНЕ, предлагаат општината да учествува во реализацијата на проектот. Инвестицијата за овој проект почетно изнесува 9 милиони, а целосно 20 милиони евра за изградба на сите планирани содржини на Универзитетот со рок за изградба до 2014 година. Од оддлелението за комунален развој, неофицијално додаваат дека покрај Скопје, Охрид е општина со највисоки цени на комуналиите во земјата. Вчера одржаната седница на советот беше прекината пред расправата по оваа предлог одлука. Пред советниците да гласаат по оваа точка, на продолжението од 31- та седница, се очекува да се извршат консултации со инвеститорот- Владата односно Министерството за култура и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град