ДПА реагира на партиските вработувања во Струга

ДПА по втор пат реагира на новите партиски вработувања во Струга. Претседателот на општинскиот огранок Зиадин Села вели дека во СВР Струга неодамна се вработени 7 лица сите македонци, кадар на ВМРО ДПМНЕ и тоа без конкурс. Тој јавно прашува каде е овде правичната застапеност која треба да ја има.

 |  Татјана Маленкова  | 
zijadin
Зијадин Села

ДПА по втор пат реагира на новите партиски вработувања во Струга. Претседателот на општинскиот огранок Зиадин Села вели дека во СВР Струга неодамна се вработени 7 лица сите македонци, кадар на ВМРО ДПМНЕ и тоа без конкурс. Тој јавно прашува каде е овде правичната застапеност која треба да ја има.

 „ Пред два дена се вработени двајца членови на ВМРО ДПМНЕ, а уште двајца се очекува да се вработат во наредните денови – вкупно четворица вработени сите македонци.

Повеќе од јасно е дека ВМРО заедно со ДУИ на прагот на предвремените избори веќе работат во правец на етнизација и партизација на полицијата, се со цел манипулирање на изборите. ДУИ вработува само македонци бидејќи му е јасно дека гласовите кај албанскиот електорат не може да добие. Според нашите информации во полициската станица во Струга, вкупниот број на вработените албанци не преминува 25 % од вкупниот број на вработените“, вели претседател на ДПА Струга, Зиадин Села.

Претседателот на ДПА реагира и на тоа што повеќе од година и пол е затворена полициската станица во Делогожда. Според него, причина за затворањето на оваа станица е тоа што за време на владеењето на ДПА 2006 – 2008 год, комплетната полициска структура била составена од вработени албанци, што, како што вели, воедно го претставуваше и етничкиот состав на населението во ова населено место. Тој потенцира дека полициската станица во Делогожда била затворена од повисоки структури на МВР.

Села потенцираше и дека e повеќе од јасно дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не им веруваат на албанците, а резултат на тоа е граѓаните да не се безбедни, криминалот да цвета, шумите на Караорман да се опустoшуваат, затоа што, како што рече, дрвокрадците се тука и имотот на граѓаните Aлбанци е под знак прашалник.

„ Ова е ДУИ, која секојдневно работните места на албанците им ги продава на македонците, им ги продава ловечките зони на Вевчанци, ги остава албанските ученици од Подгорци без свидетелства и ги нарекуваат нелегални паралелки ги дава плажите под концесија 70% на македонсците а 30 % на албанците, да и тоа богатство што го имаат албанците не им го обезбеди туку им го краде. Ова е политичкиот субјект кој веќе три години е на власт а нема ниту едно вработување на ниту еден албанец од Струга во институциите на централната власт кои делуваат во Струга, а во меѓувреме вработува стотина македонци во истите“, вели Села.

Претседателот на ДПА реагираше и за новите вработувања во ЈП Проаква. „Директорот на ова ЈП Ваит Ајро, кој е кадар на ДУИ, за нецел месец, подели околу 20 решениjа за работа, од кои 14 за Mакедонци и 6 за Aлбанци. Повеќе од јасно е дека централната и локалната власт на ДУИ има само еден именител – продадени луѓе, кои многу брзо ќе ја добијат казната што ја заслужуваат, истакна Села.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top