Струга не ја сочинуваат две улици

Големи суми издвоени за патната инфраструктура, а локалните патишта дупка до дупка. Од Локаланата самоуправа на Струга не ја гледаат состојбата со очите на граѓаните. Велат дека секојдневно во Струга се асфаслтира.

 |  Билјана Николовска  | 
merko
Ramiz Merko

RamizСтруга не ја сочинуваат две улици. Ваков е ставот на гардоначалникот на Струга Рамиз Мерко, во врска проблемот со локалните патишта кои се максимално оштетени со ударни дупки. Мерко вели дека не го дели мислењето на јавноста дека тоа е така, бидејќи Локалната работела согласно зацртана годишна програма за афалтирање на улици, тампонирање, бекатон и осветлување. Градоначалникот додава дека секај ден се работи на санирање на улици во градот.

Мерко не ја крие и планираната сума за оваа година наменета за локалните патишта. „Се вложувало и ќе се вложува на подобрување на состојбата со патната инфраструктура. За асфалтирање на локалните патишта предвидени се средства од буџетот на општина Струга во висина од 30 милиони денари и 4 милиони денари за санирање на дупки“, вели Мерко и додава дека тоа е за општото добро на сите учесници во сообраќајот.

ТВМ постојано ја следи состојбата со патиштата во охридско – струшкиот регион, бидејќи поплаките на граѓаните се многу поголеми од најавите на надлежните дека состојбата со локалните патишта се амортизира. Во интерес на целата јавност е патната инфраструктура да биде функционална а не рак рана. Треба да се земе во предвид и тоа дека станува збор за две атрактивни туристички места во државава па без солидна патна инфраструктура нема развој на туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top