Судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ е префрлен во Основниот суд во Прилеп.
Судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ е префрлен во Основниот суд во Прилеп.
Оваа одлука ја донесе Апелацискиот суд во Битола.
Охридскиот суд писмено го известил повисокиот суд во Битола дека сите судии-кривичари од Охрид поради нивен претходен ангажман во истражната постапка по случајот, како и поради презафатеност, не можат да го водат процесот.
Претседателот на Основниот суд во Охрид, Владо Дејановски, во понеделникот донесе одлука за изземање на кривичниот совет и судијката Милка Танеска од предметот поради пропусти во постапката.
Изземањето на кривичниот совет и судијката од процесот значи повторување на процесот отпочеток, односно повторен распит на сите лица што дале изјава пред судот.
За свирепо убиство на 34-годишниот белграѓанец Дејан Новаковиќ е обвинет и Српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој е во бегство и по него трага Интерпол.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град