Охридската библиотека, во друштво со европските

Охридската библиотека „Григор Прличев“ стана дел од договорот за соработка на седум библиотеки од Балканот и Европа.

 |  Крсте Голабовски  | 
biblioteka
библиотека

bibliotekaНашата градска библиотека „Григор Прличев“, ќе биде дел од еден многу интересен библотекарски проект, неодамна промовиран на маргините на карневалот „Курентовање“  во Птуј, Словенија. Директорот на градската библиотека, Тоде Илиевски информира дека идејата на проектот е библиотеки од Балканот и Европа, заеднички да ги презентираат највредните печатени дела на кои самите се чувари.

„Моја беше идејата да направиме книга со најзначајните ракописни книги, печатени што ги поседуваат овие седум библиотеки. Ќе биде издадена да се знае за што се работи“, вели Илиевски.

Трудовите ќе бидат публикувани на повеќе јазици, а покрај Охридската библиотека и библиотеката „Иван Потрч“ од Птуј, кои се координатори на проектот, дел од него ќе бидат библиотеката од СенСурСир од Франција, потоа германската библиотека од Бургхаузен, словачката библиотека од Банска Шипјовица, Вараждинската библиотека од Хрватска и библиотеката од Аранџеловац, Србија. Некои од нив ќе учествуваат со богат избор на ретка литература, а ние ќе се претставиме со едно дело од 16-ти век, кажува директорот Илиевски.

Tode Ilievski„Охридската библиотека ќе се претстави со „Св. Прохорпчинското евангелие“, ракопис кој потекнува од 16-ти век. Создаден е во Манастирот Св. Прохор Пчински. Пред неколку години ова дело беше обработено и сега се наоѓа во нашата библиотека, потенцира директорот Илиевски.

Директорот Илиевски потенцира дека во периодот пред презентацијата ќе бидат дефинирани деталите и секој научен приказ на книгата, кој ќе биде наш репрезент. Со реализацијата на овој проект,  дел од западно европските земји ќе се запознаат со литературните вредности на ретките културни македонски публикации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top