Дивоградбите дочекаа легализација

Пратениците на Собранието на Р. Македонија и официјално дадоа амин за имплементација на законот за легализација на бесправно изградени објекти.

 |  Билјана Николоска  | 
opshtina
општина

Ќе се легализираат бесправно изградените објекти. Во наредните 6 месеци отпочнува трката за легализација на дивоградбите. Стапи на сила фамозниот закон. Конечно граѓаните за 1 евро по метар квадратен, ќе можат да ги легализираат своите бесправно изградени објекти. За имплементација на овој закон, вчера во општина Охрид, заменик Министерот за Транспорт и врски, Горан Михајловски, со претставник од катастар, одржа трибина со охриѓани. Мештаните на Охрид поставија интересни прашања во врска со овој закон,  секако, секој за својот проблем. Но одговорите на државните претставници беа во насока на она што стои на листот хартија запишан за овој закон и по се изгледа не ги исполнија очекувањата на граѓаните. Најлесно на Михајлоски му беше да појасни кои се обврските на општините, кои на државата, а кои на граѓаните.

Заменик министерот Михајловски се обиде да ја појасни постапката за легализација на бесправните објекти кои се во рамките на Националните Паркови.

Една од најсензибилните зони во градов е заштитената споменична целина. За тоа, како се пропишани одредбите од законот за легализација во овој дел, појасни раководителот на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа, Бранко Арнаудов.

Постапката за легализација е едноставна, сметаат од Министерството за транспорт и врски. Треба да се достават 3 документи: уверение за државјанство, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправно изградениот објект со имотен лист. Доколку бесправниот објект нема инфраструктурен приклучок, треба да се поднесе изјава заверена на нотар, дадена под кривична и материјална одговорност, со која барателот на легализација ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред да стапи на сила законот за легализација на дивоградбите. Парите од граѓаните кои ќе поднесат барање за легализација се строго наменски, поточно, општината со тие пари е должна во рок од 5 години да ги искористи истите за да ги вклопи дивоградбите во Урбанистичкиот план. Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски, објасни дека во законот стои строго зацртана рамка по која се постапува доколку бесправно изградените објекти не ги исполнат условите за издавање на урбанистичка согласност. Таквите објекти ќе бидат отстранети или народно кажано срушени. Граѓаните сепак скептични, велат, добро ќе биде доколку 20% од дивоградбите на територијата на општина Охрид се легализираат.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top