Се подготвува студија за колекторски ситем на шест општини

Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој.

 |  Татјана Маленкова  | 
mirjana lozanoska
Мирјана Лозаноска

fizibiliti studijaЦентарот за развој на Југозападниот плански регион ќе го решава проблемот со отпадните води во шест општини. Студијата за проектот е веќе готова, во моментов се преведува на англиски јазик, бидејќи се подготвува документацијата за реализација на проектот преку компомента на ИПА регионален развој. Вредноста на инветицијата е 20 милиони евра.

Општините Вранешница, Пласница, Осломеј, Кичево, Другово и Зајас, ќе добијат колекторски систем и две прочитителни станици. Физибилити студијата за проектот е веќе готова, а во моментов истата се преведува на англиски јазик  и подготвува за поднесување до компонентата на ИПА за регионален развој.

„ Во моментов се израборува идеен проект за пократкиот потег Вранешница – Пласница во должина од 15 киломерти.  Имаме доставено и друг проект за останатите општини во должина од 58 киломентри, до министерството за животна средина  и просторно планирање. Оваа студија се преведува на англиски јазик бидејќи се подготвуваат документите за реализација на овој проект компонета на ИПА регионален развој со оглед на тоа што според физибилити студијата за реализација на овој систем требаат 20 милиони евра“, вели директор на центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.

„Голем дел од руралните населени места во рамките на шесте општини дел од проектот немаат канализационен систем. Физибилити студијата прецизно покажува на кои места во кои точки фекалиите се вливаат во реката Треска“, вели Лозаноска.

„ Реката Треска според професорите од градежниот факултет претставува национален проблем. Не се загадува само од отпадни води, туку и од депониран цврст отпад  кој е евидентен.  Треба да се земе во предвид дека има и голем број на рибници на овој потег“, вели Лозаноска.

Лозаноска додава дека дирекцијата на центарот за развој на Југозападен плански регион во моментов лобира и води преговори со претставници на европската комисија вклучувајќи го и комесарот за регионален развој, Јоханес Карл за да го промовира овој проблем и да помогне за добивање на проектот.  Директорот на центарот за развој на Југозападен плански регион додава дека докумнетацијата треба да биде комплетирана до месец јуни, за потоа со идејниот проект да се аплицира до третата компонента на ИПА за регионален развој.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top