Бланко договорите и вработувањата на црно во туризмот, реалност

Идните вработени мора повеќе да се информираат за своите права како и за содржината на договорите кои ги потпишуваат.

 |  Крсте Голабовски  | 
kelner
келнер

Приватните агенции за привремено вработување, против работењето на црно. На прашање за тоа колку од агенцијата се запознаени со појавата на потпишување бланко договори во туризмот, Директорот на агенцијата за привремени вработувања,„Партнер“, Раде Ненадиќ вели дека со овие појави, од агенцијата се среќаваат низ целата земја, не само во Охрид и не само во сферата на туризмот. Но како стопанска гранка која е карактеристична за ова подрачје, во туризмот се и најголемите вработувања на црно. Не е логично хотел кој работи сезонски, преку целата година да држи персонал потребен за работа колку што му е потребен во врв на сезоната. Со наметнувањето на потребата од доплнителен персонал за време на летната сезона, доага до појав на најголем број од вработувањата на црно, вели Ненадиќ.
kelner
„Ние се среќаваме со таа ситуација на терен, со лицата корисници на нашите услуги, невработените, но за жал не можам да кажам конкретно за Охрид туку за цела Македонија. Се потпишуваат бланко договори или договори со бланко отказен рок илиза престанување на работниот однос, но сметам дека државата сака да стави крај на оваа појава,“ вели директорот Ненадиќ.

Ненадиќ вели дека една од задачите на приватните агенции за вработување е и да ја подигнат свеста кај оние најзасегнатите. „На оние кои работат треба да им се каже, дека не треба да прифаќаат и работат под било какви услови и да бараат легализирање на сопственото работење“ потенцира Ненадиќ.

„Да не прифаќаат да работат на црно, не пријавени и без претходно да им бидад дадени на увид сите услови наведени во договорот, да нема бланко договори туку договори во кои прецизно ќе биде наведено, што се работи, за која плата и сите услови според Законот за работни односи, потенцира директорот на агенцијата „Партнер“

tribinaДенес оваа агенција во соработка со локалната самоуправа од Охрид, орагнизираа трибина за работодавачите, со цел истите да се запознаат со начините за брзо, едноставно и флексибилно ангажирање на работници за краткорочни вработувања со заснован работен однос од 1 ден, до 1 година. Од агенцијата не се задоволни со одзивот на работодавачите во другите градови, иако во Охрид, интересот беше навистина добар. Што се однесува до улогата на државните инстиуции во сузбивање на појавата на т.н вработување на црно, таа е на прво место.

Денес во Македонија има официјално 320.000 невработени, но се претпоставува дека има 180.000 вработени на црно или без заснован работен однос. Ова е показател за тоа колкава е штата која оваа појава и ја нанесува на државата. Инаку приватните агенции за вработување ги вработуваат работниците кај себе и после ги отстапуваат кај работодавачот корисник или фиртмата која сака да ги вработи на извесен временски период.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top