Од Правната служба на локалната самоуправа информираат дека Дисциплинската постапка против Радован Велјаноски, службеникот кој самоволно одлучи да се исечат 6-те дрвја на улица Партизанска е во тек. Согласно одредбите од Правилникот за начин на водење постапка за дисциплински престап постапката ќе биде завршена во законскиот рок,а епилогот од истата ќе се знае многу наскоро, кусо за ТВМ изјави секретарот на Локалната самоуправа Димитрија Вревезоски. Со оглед на поволниот период за режење на дрвјата Комисијата за проценка работи непречено, но во друг состав.
Од локалната самоуправа информираат дека во моментов Комисијата за проценка на сечење дрвја работи во нов состав. Сите правни и физички лица мора да побараат дозвола од Комисијата
без разлика дали станува збор за сечење или поткастрување дрвја.
Комисијата се формира врз основа на Законот за Локална самоуправа и Стаутот на општината. Задача и е согледување на состојбата, преземање мерки и решенија за отстранување дрвја опасни по имотот и животот на граѓаните. Обврзани се на секое поднесено барање или сопствени сознанија да излезат на терен и да донесат решение што е најдобро за дрвјата, да се исечат или само да се поткастрат. Понатаму дејствуваат службите од Комуналец, Македонски шуми или други овластени служби за сеча. Во меѓувреме, се планира да се формира и друга Комисија за реконструкција на дрворедите. Во неа учество ќе земат и еколозите. Така, заедно ќе одлучуваат како суптилно да се исечат старите стебла за сметка на зголемување на паркинг просторот на улиците, а на нивно место планираат да засадат нови. Според неодамнешните најави реконструкцијата на дрворедите би започнала веднаш штом се најдат соодветните садници, а средства ќе се обезбедат од Локалната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град