8-ми Март инспиративен за унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Струга. Го посетија семејството Рајчиноски од с.Мислешево. Донираа прехранбени артикли и средства за хигиена на малата Дукадинка Рајчиноска. Ова петчлено семејство живее во тешки услови. Ги земаат само скромните месечни примања од социјалната помош и средствата за нега на малата Дукадинка. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Струга им посака многу здравје, успеси и среќа, а воедно, и го честитаа 8ми Март на мајката на Дукадинка.
„Ние со еден скромен подарок до неа, до нејзината фамилија, до нејзините дечиња, еден гест на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ од Струга со цел да покажеме дека ние сме секогаш со граѓаните и секогаш да излеземе во пресрет на нивните барања, нивните желби. Јас се надевам дека г-ѓата Рајчиноска ќе биде задоволна од сите овие артикли кои успеавме да ги донесеме во знак на почит кон неа и кон нејзината фамилија.“-рече Лилјана Затуроска-пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.М
Со солзи во очите, таткото на Дукадинка очигледно пресреќен што некој се сетил на неговата ќерка, и неговото семејство.
Овој скромен осмомартовски подарок сепак најмногу ја израдува малата Дукадинка. Таа срамежливо се заблагодари за донацијата која ја доби.
Дукадинка Рајчиноска има невообичаено низок раст, а се соочува и со проблеми со колкот. Поради операција на проблематичниот колк, дошло до компликации поради кои и откажале бубрезите. За среќа после интервенцијата тие полека се вратиле во нормала, но постои опасност повторно да откажат. Моментално се лекува на Детската клиника во Скопје.
Семејството Рајчиноски едвај се прехранува од социјалната помош и средствата кои ги земаат за нега на Дукадинка. Потребни се пари кои тие не можат да ги обезбедат. Затоа, апелираат на хуманоста на граѓаните кои се во можност, да одвојат скромни средства кои за Дукадинка ќе значат многу.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град