Во некои други времиња знаело да се случи поради посилен дожд трките да бидат откажувани. Сепак, дека се се менува доказ е и последната изјава на првиот човек на Ф1, Берни Еклстоун.
“На сувите патеки претекнувањето стана речиси невозможно. Но, кога патеката е влажна работите драстично се менуваат. Најинтересните трки се случуваат кога има дожд, па зошто тогаш да не размислуваме како сами да го направиме“ – изјави 80-годишниот Еклстоун.
“Би можеле да ’пуштиме’ дожд кон средината на трката, на некои 20 минути, или пак во последните десет кругови. Две минути претходно за тоа би ги известиле возачите. Возбудувањето би пораснало, а условите би останале исти за сите“ – додаде Британецот, кој рече и дека за пет години очекува да види и женски возач во еден од Ф1 болидите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град