Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Со цел да се надминат eколошките проблеми, денес во општина Охрид се одржа јавна расправа со претставници на локалната, како и претставници на еколошките друштва од Охрид. Од оваа расправа произлезе заеднички став и заклучок, мора да се подобри сликата со градското зеленило.

 |  Билјана Николовска  | 
javna rasprava
јавна расправа

Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот на цела расправа рече дека добро е што се слушнале разни мислења и ставови на експерти од екологијата и првата комуникација ја оцени како мошне позитивна.

Борис Стојаноски претседателот на ЕД „Грашница“, исто така денешната јавна расправа за екологијата и преземањето на конкретни чекори за подобрување на состојбата во градот со зеленилото, ја оцени како мошне позитивна. Тој рече дека добро е што конечно изнајден е заеднички јазик со локалната, како би се подобрила сликата со градското зеленило. Стојаноски кажа што претходело на оваа расправа.

proekcijaНа јавната расправа за дрворедите во градот, беше прикажана видео презентација за моменталната состојбата на дрвата и проблемите кои потекнуваат од оваа состојба. Од прикажаното, се воочија разни деформации кои ги деградираат јавните површини. Проблеми предизвикани од корените на одредени дрвја се јавува и на водоводно канализационата мрежа. Владо Цветкоски директорот на ЈП „Нискоградба“ – Охрид рече дека неопходно е обновување на дрворедите со соодветни садници. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, рече дека за да се реализира планот за реконструкција на дрворедите им треба сериозни и темелни подготовки, но дека тоа е неопходно и е во домен на нивната дејност. Раководителот на секторот за урбанизам пак, Бранко Арнаудов рече дека за се траба да се има програма и план. Додаде дека за реализација на реконструкција на дрворедите мора да се внимава се тоа да се вклопи во постоечките ДУП. Арнаудов предложи иницијатива до Советот да поддржат одлука доколку се пресече едно дрво да се засадат две. Останатите претставници од еколошките друштва општо беа согласни со се, но предупредија дека постојат места каде непотребно се сечат дрвјата како што е тоа кај плажата Куба Либре и во делови од старото градско јадро. Реконструкцијата на дрворедите би започнала веднаш штом се најдат соодветните садници, а средства ќе се обезбедат од локалната согласно програмата за 2011.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top